
Ливерпул и Реал Мадрид веќе со месеци важат за потенцијални купувачи на одличниот англиски играч за врска Џуд Белингем, кој настапува за Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ за својот најдобар играч поставија цена од нешто над 100 милиони евра, а се во преговори за обновување на договорот, кој истекува во летото 2025 година.
Најновата вест е дека за Белингем е заинтересиран Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да влезат во трка со Реал Мадрид и со Ливерпул и на Борусија Дортмунд да и понудат 125.000.000 евра за еден од најталентираните фудбалери на планетата.
Белингем играше во Англија за Бирмингем, а во 2020 година како 17-годишник го напушти Островот и замина во Германија.
Оваа сезона Англичанецот одигра вкупно 33 натпревари за Борусија Дортмунд и постигна 10 гола со 6 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
