Connect with us

Манчестер Јунајтед со нова понуда за Павар

Манчестер Јунајтед ќе испрати нова понуда за дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенјамин Павар, тврди „Билд“. Англичаните се подготвени да платат околу 35 милиони евра за 27-годишниот Французин.


Бараната цена од раководството на Баерн е многу повисока, тие инсистираат да добијат помеѓу 45 и 50 милиони евра.

Баварскиот клуб веќе ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за Павар. Вредеше 30 милиони евра.

Францускиот интернационалец минатата сезона забележа 43 настапи во сите натпреварувања и постигна седум гола. Неговиот договор со Баерн Минхен е до летото 2024 година, но тој не крие дека сака да си замине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови