
Манчестер Јунајтед има интерес за левиот бек на Челси, Бен Чилвел. 27-годишниот Англичанец минатата сезона одигра само 21 натпревари за лондончани, откако имаше многу проблеми со повреди.
Сега се зборува дека неговата иднина во клубот под водство на Енцо Мареска е сѐ понесигурна.
Мало Густо и Рис Џејмс досега играа на двете странични позиции на одбраната во претсезонските подготовки. Се очекува и враќањето на Марк Кукуреља, кој се претстави одлично за време на Европското првенство. Така, Чилвел може да стане непотребен на „Стемфорд Бриџ”.
Манчестер Јунајтед располага со Лук Шо и Тајрел Маласија во оваа зона. Вториот ја пропушти целата сезона поради сериозен проблем со коленото, а Лук Шо беше отсутен од февруари до крајот на сезоната. Така, во големи периоди Ерик тен Хаг немаше типичен лев бек меѓу дефанзивците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
