Манчестер Јунајтед почна да работи на потенцијално враќање на Мемфис Депај во клубот во зимскиот преоден рок. Менаџерот Ерик тен Хаг бара решение за врвот на нападот, а репрезентативецот на Холандија би можел да ја грабне шансата да се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи инсистира што поскоро да го заврши престојот во Барселона.
Манчестер Јунајтед го продаде 28-годишниот напаѓач на Лион во 2017 година, со што стави крај на неговата неуспешна епизода во Англија која траеше помалку од две сезони.
Сепак, оттогаш Мемфис се разви во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, со 76 гола и 55 асистенции во 178 натпревари за Лион, пред да се приклучи на Барселона на слободен трансфер во летото 2021 година.
Тој заврши како најдобар стрелец на Каталонците минатата сезона, постигнувајќи 13 гола на 31 натпревар, но падна во немилост откако Чави Хернандез го презеде кормилото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













