
Манчестер Јунајтед се интересира за играчот за врска на Интер, Кристијан Аслани. „Црвените ѓаволи” сигурно ќе се засилат во средниот ред, а албанскиот репрезентативец е едно од имињата на листата на посакувани играчи на Ерик тен Хаг.
22-годишниот Аслани нема место во стартниот тим на Интер и неговата цена не е особено висока, околу 20 милиони евра. Тој има договор со клубот до 2027 година. Во минатата сезона учествуваше во 31 натпревар за „нероаѕурите”, но само во девет од нив беше во стартните единаесетмина.
Албанецот е дефанзивен играч за врска, но може игра и на поофанзивни позиции во линијата за врска. Тој е и репрезентативец на својата земја со 22 натпревари и два постигнати гола, и учествуваше на изминатото ЕВРО 2024, каде што остави добар впечаток со своите настапи.
Манчестер Јунајтед може повторно да понуди размена на играчи со Интер. „Црвените ѓаволи” се обидуваат да се ослободат од Арон Ван-Бисака и може да го понудат како дел од размената за Аслани, бидејќи се зборува дека „нероаѕурите” се заинтересирани за англискиот бек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
