Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е еден од неколкуте европски клубови кои имаат интерес да го доведат талентот на Реал Мадрид, Ендрик, во јануари. Бразилецот воопшто не влегува во плановите на Чаби Алонсо и нема ниту една минута оваа сезона. 19-годишниот напаѓач летото не сакаше да биде позајмен во друг клуб, но сега ја смени одлуката, со надеж дека трансферот во јануари може да му овозможи да ги покаже своите квалитети и да се избори за место во составот на Карло Анчелоти за Светското првенство.
И покрај тоа што Манчестер Јунајтед ова лето ја обнови својата офанзивна линија со Брајан Мбеумо, Матеус Куња и Бењамин Шешко, менаџерот Рубен Аморим е подготвен да го земе и Ендрик, бидејќи тој би донел нешто различно со своите квалитети. Дополнително, најверојатно клубот во јануари ќе се раздели со Џошуа Зиркзе.
Интерес за Ендрик покажуваат и Вест Хем, Астон Вила, Њукасл и Тотенхем, додека Јувентус и Олимпик Марсеј исто така ја следат ситуацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













