Connect with us

Манчестер Јунајтед понудил и повеќе пари, но Дарвин Нуњез сакал само во Ливерпул

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез утре ќе биде промовиран во нов играч на Ливерпул. „Црвените“ издвоија 75 милиони фунти за него, а уште 20 ќе бидат исплатени преку различни бонуси врз основа на лични и клупски достигнувања. Во трката беше и Манчестер Јунајтед кој понудил и повеќе пари, но Нуњез, сепак, сакал да замине само во Ливерпул.


На уругвајскиот фудбалер му се допаднал проектот на „Енфилд“, каде приказната на највисоко можно ниво ја подигна Јирген Клоп од неговото доаѓање, а потоа и самиот Германец, кого Нуњез го смета за најдобар тренер во светот. Играњето во Лигата на шампионите исто така беше една од точките кои биле пресудни.

Системот на игра на Ливерпул, според многу експерти, одлично ќе му одговара на Дарвин Нуњез, чии 22 години играат значајна улога во издвојувањето на толку голема сума пари од англискиот гигант за момчето кое целосно експлодира минатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови