Connect with us

Манчестер Јунајтед почна да штеди и на редари на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед направи серија кратења на трошоците, меѓу кои и намалување на бонусите за редарите на стадионот за време на натпреварите.

Според извештаите, клубот под раководство на сер Џим Ратклиф започнал мерки за штедење по преземањето на 25% од сопственоста. Целта на овие мерки е да се зголеми достапниот буџет за тимот, но на штета на редарите, кои се меѓу најнископлатените членови на персоналот.

Претходно, редарите добивале бонус од 100 фунти за секои 10 натпревари, но оваа практика е укината.

Многу редари веќе го напуштиле клубот поради новите услови.
Франк Робинсон, кој бил редар на „Олд Трафорд“ цели 24 години, изјави дека решил да си замине поради непочитување.

„На некои редари на возраст од 70 години им се доделуваат најтешките позиции, со цел да ги поттикнат да заминат. Наместо нив, сè повеќе се ангажираат луѓе преку агенции“, изјави Робинсон.

Исто така, е укината долгогодишната традиција на наградување на редарите со гравиран часовник по 25 години служба, што претходно го доделуваше сер Алекс Фергусон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови