Манчестер Јунајтед потклекнува во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. „Ѓаволите“ одиграа второ реми во низа откако не успеаја да го совладаат претпоследниот тим на табелата, Вест Бромвич Албион играјќи (1-1). Тимот на Оле Гунар Солскјер беше подобар ривал, но тоа не го материјализираше.
ВБА поведе на самиот почеток, откако Мбаје Диање во втората минута крај Линделоф со удар со глава го совлада Де Хеа. На израмнување се чекаше до пред крајот на првиот дел, кога Бруно Фернандеш со волеј удар постигна прекрасен погодок.
Во вториот дел, Манчестер Јунајтед притискаше и бараше триумф, но не успеа да ги реализираше шансите. Мегваер во судиското продолжение го погоди дирекот од голот на ВБА, но еден бод остана и за домаќинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













