
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, ќе паузира во следните осум недели поради повредата на коленото што ја заработи во победата над Вест Хем викендот. Клубот и официјално ја објави дијагнозата – траума на медијалниот колатерален лигамент на коленото, како и очекуваниот период за опоравување на Аргентинецот.
Ова е голем удар за Манчестер Јунајтед бидејќи Лисандро Мартинез штотуку се врати од долгото лекување поради уште една повреда. Добрата вест, сепак, е што дефанзивецот повторно ќе игра оваа сезона, што ќе се случи за најмалку два месеци доколку се биде во ред со неговото опоравување.
„Сакам од се срце да ви се заблагодарам за големата поддршка што ја добив и да ве уверам дека наскоро ќе се вратам и ќе се бориме заедно“, напиша Лисандро Мартинез на социјалните мрежи.
Аргентинецот ќе пропушти најмалку девет натпревари за „црвените ѓаволи“.
Неделниот меч беше само четврти негов натпревар од почетокот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
