
Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед вчера со заедничка согласност го раскинаа договорот, но изненадувањата не завршија тука. Набрзо стигна информација дека семејството Глејзер, кое е на чело на клубот од 2005 година, сака да го продаде клубот.
Оваа информација ја објавија неколку сигурни извори, а потоа и официјално се огласи Манчестер Јунајтед.
„Одборот ќе ги разгледа сите стратешки алтернативи, вклучително и нови инвестиции во клубот, продажба или други трансакции во кои е вклучена компанијата“, се вели во соопштението.
Клубот од „Олд Трафорд“ е во сопственост на семејството Глејзер од 2005 година кога го купија за 790 милиони фунти.
Англиските медиуми набргу потоа открија дека Јунајтед би можел да биде продаден за дури пет милијарди фунти, и дека ќе ги бара најдобрите купувачи во наредните месеци.
Јунајтед, кој моментално е петти во Премиер – лигата, ја нема освоено титулата од 2013 година и нема подигнат трофеј од освојувањето на Лига купот во 2017 година.
Имаше голем број протести на навивачите против сопствениците во последниве години, вклучително и оној во мај 2021 година кога беше одложен натпреварот против Ливерпул на „Олд Трафорд“.
Што се однесува до Роналдо, тој сега е фокусиран само на Мундијалот со репрезентацијата на Португалија, со која го отвора турнирот в четврток од 17 часот против Гана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
