Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Бруно Фернандеш на лето. Португалецот имаше несигурна сезона за неговите стандарди, но останува еден од најважните играчи во тимот на „црвените ѓаволи“. Многу шпекулации се вртеа околу иднината на 29-годишниот плејмејкер во последните неколку недели, но на „Олд Трафорд“ се решени да го задржат по секоја цена.
Баерн Минхен е клубот кој сака да го купи Бруно Фернандеш ова лето. Исто така, клубови од Саудиска Арабија се подготвени да понудат 100 милиони евра за правата на Португалецот. Сепак, Јунајтед нема намера да се раздели со својот капитен, кој е премногу важен играч за толку лесно да биде продаден.
Португалецот има договор до летото 2026 година и клубот не сака да брза со неговата продажба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













