
Раководството на Манчестер Јунајтед планира да се раздели со Рафаел Варан. На францускиот дефанзивец нема да му биде понуден нов договор, тврдат медиумите на Островот. Двете страни не разговарале и се очекува Варан да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч на лето.
Централниот дефанзивец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2021 година од Реал Мадрид. Сепак, тој не успеа да стане главна фигура во составот на „црвените ѓаволи“, а една од причините е што често го мачат повреди.
На почетокот на годината имаше информации дека Варан би можел да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но тоа не се случи.
Францускиот интернационалец во тековната сезона забележа 19 натпревари во Премиер – лигата и има постигнато еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
