Connect with us

Манчестер Јунајтед на лето ќе го купува Хари Кејн

Манчестер Јунајтед подготвува неверојатен трансфер за големата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн следното лето, тврдат медиумите на Островот.


Наводно и капитенот на Англија е отворен за идејата да им се приклучи на „црвените ѓаволи“, а клупските челници почнале да ја истражуваат можноста да го доведат на „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.


Јунајтед го идентификуваше Кејн како главен летен приоритет бидејќи менаџерот Ерик тен Хаг сака да донесе напаѓач од светска класа во клубот. 29-годишниот напаѓач ќе влезе во последните 12 месеци од договорот со Тотенхем на лето, а сумата за него е 85 милиони фунти.


Доколку Манчестер Јунајтед не успее да го ангажира Кејн, следна цел ќе биде Виктор Осимен од Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови