Connect with us

Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Џеси Лингард

Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот на офанзивниот играч за врска Џеси Лингард. Клубот веќе неколку недели преговара за продолжување на соработката со 28-годишниот англиски репрезентативец и се надева дека страните ќе успеат да постигнат договор, иако првиот предлог беше одбиен.


Сегашниот договор на Лингард има важност до крајот на јуни 2022 година.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја поддржува одлуката на раководството за продолжување на соработката со Лингард. Тој е на листата на оние играчи со кои треба да се обноват договорите, заедно со Бруно Фернандеш, Пол Погба и со Лук Шо.

Лингард постигна два гола на три натпревари во Премиер – лигата оваа сезона и донесе победа на вчерашниот меч против вест Хем (1-2).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови