Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да испрати официјална понуда за уште еден фудбалер на Реал Мадрид. Откако минатата недела 20-кратниот шампион на Англија потпиша со Кашемиро, сега „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го ангажираат Асенсио. Според шпанските медиуми, понудата изнесува 30 милиони евра.
Договорот на Асенсио истекува следното лето и засега нема индикации дека ќе биде обновен. Сепак, ќе биде тешко да се постигне трансфер бидејќи Карло Анчелоти планира да го искористи играчот од средниот ред оваа сезона и самиот играч одлучи да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона, а потоа да биде во посилна позиција за преговори со други клубови бидејќи ќе биде слободен агент.
За Марко Асенсио се заинтересирани и неколку другови клубови од Англија и од Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













