
Манчестер Јунајтед го очекува голема реорганизација по завршувањето на сезоната. Клубот со години талка по заминувањето на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон, а се чини дека ќе мора да замине и актуелниот стратег Ерик Тен Хаг.
Ќе биде неопходно да се донесат нови имиња, за кои сер Џим Ретклиф ги задолжи техничкиот директор Џејсон Вилкокс и спортскиот директор Ден Ешворт.
Околу засилувањата, медиумите на Островот пишуваат дека доведувањето на стопер е клучна задача. Главна опција е Марк Гуехи од Кристал Палас, а се споменува и капитенот на Вулверхемптон, Макс Килман.
Гуехи помина низ академијата на Челси и беше на позајмица во Свонси, а Кристал Палас го доведе во 2021 година за 23 милиони евра. Во тековната сезона забележа 26 настапи, а моментно се опоравува од операцијата на коленото која му беше извршена во февруари. Се очекува наскоро да се врати, а Гуехи се надева дека ќе игра за Англија, за која има девет настапи, на годинешното Европско првенство.
Неговиот договор со Кристал Палас е со важност уште две години, па за него клубот наводно би барал околу 60 милиони евра. Арсенал исто така го следи, што значи дека Манчестер Јунајтед би можел да влезе во пазарна битка со лондонскиот клуб за дефанзивецот.
Доколку замине по наведената цена, Марк Гуехи ќе стане најголемата продажба на Кристал Палас досега, бидејќи сегашниот рекорд го држи Арон Ван-Бисака, за кој токму Манчестер Јунајтед плати 55 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
