Директорите на Манчестер Јунајтед го поддржуваат менаџерот на тимот Ерик тен Хаг, пренесува медиумите на Островот. Клубот сѐ уште нема намера да разговара за иднината на 53-годишниот стратег. Шефовите имаат доверба во Тен Хаг и го гледаат како совршена опција да му помогне на тимот да напредува на долг рок.
Во Манчестер Јунајтед сметаат дека една од причините за неуспешните настапи на тимот се повредите.
Манчестер Јунајтед на почетокот на сезоната забележа шест порази во 10 натпревари, што се нема случено од 1986 година, кога тогашниот менаџер Рон Аткинсон беше заменет со Алекс Фергусон на почетокот на ноември.
Во Лигата на шампионите „црвените ѓаволи“ загубија два меча во низа и се на последното место во групата А. Во Премиер – лигата тимот од Тен Хаг е на 10. позиција со 9 бода по 7 одиграни кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













