Манчестер Јунајтед следното лето има намера да го продаде дефанзивецот Хари Мегваер, откриваат медиумите на Островот.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг, наводно бара опција да се ослободи од англискиот фудбалер и да направи простор за засилувања следната сезона.
Во Јунајтед веќе не сакаат да чекаат на Мегваер, кој не ги оправда очекувањата од трансферот од Лестер, кога стана најскапиот дефанзивец во историјата.
Англискиот репрезентативец беше платен 97 милиони евра, а оваа сезона веќе не е прва опција на стоперската позиција во клубот од „Олд Трафорд“.
Веста доаѓа во пресрет на почетокот на Светското првенство во Катар, а и покрај послабите настапи во клубот, се очекува Хари Мегваер да биде првата опција во селекцијата на Герет Саутгејт.
Мегваер има договор со Манчестер Јунајтед до 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













