Манчестер Јунајтед подготвува понуда за размена за играчот од средниот ред на Кристал Палас, Мајкл Олисе. Според медиумите од Островот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да го понудат Арон Ван-Бисака и дополнителни пари за крилниот напаѓач Мајкл Олисе на крајот од сезоната.
Клубот од „Олд Трафорд“ неодамна ја активираше опцијата за продолжување на договорот на Ван-Бисака за 12 месеци. Сепак, иднината на дефанзивецот останува нејасна и клубот ја разгледува опцијата да го искористи како можност за да го привлече Олисе.
22-годишниот Французин е миленик на новиот ко-сопственик на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф.
Воедно, Ван-Бисака е поранешен играч на Кристал Палас и клубот пред извесно време сигнализираше дека е подготвен да го врати во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













