
По една сезона на позајмица во Челси, Џејдон Санчо дефинитивно не е дел од плановите на Манчестер Јунајтед, а летово се очекува да ја смени средината. Според информациите од Италија, „црвените ѓаволи“ имаат намера да го искористат како дел од голем трансфер – ангажманот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Наполи покажал интерес за Санчо, а тоа би можело да биде клучниот елемент за реализација на договорот за Осимен, кој е прва напаѓачка цел на менаџерот Рубен Аморим.
Иако Челси освои Конференциска лига и Санчо постигна гол во финалето, лондонскиот клуб нe го откупи неговиот договор. Тој се враќа на „Олд Трафорд“, но клубот активно работи на негов трансфер.
Во меѓувреме, Јунајтед веќе реализираше значаен трансфер, доведувајќи го Матеус Куња од Вулвс за над 70 милиони евра, но тоа е само дел од реконструкцијата на тимот. По разочарувачката сезона во која завршија на 15. место во Премиер – лигата и загубија во финалето од Лига Европа од Тотенхем, Аморим бара целосно нова структура на тимот.
Осимен, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Галатасарај и постигна импресивни 37 голови, не гледа иднина во Наполи. Турскиот клуб не може да ги исполни неговите финансиски услови за откуп, а тука Манчестер Јунајтед гледа голема можност.
Освен Санчо, Наполи ги следи и Алехандро Гарначо, како и Џек Грилиш од Манчестер Сити, но Санчо е најреална и најбрза опција. Доколку се реализира трансферот на Санчо во Наполи, ќе се ослободи простор во буџетот за плати и Осимен би можел без проблеми да се пресели во Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
