Манчестер Јунајтед го намалува интересот за Антонио Конте поради трошоците за доведување на Италијанецот во клубот. Се смета дека Конте е голем фаворит за менаџерската улога на “Олд Трафорд”, со оглед на тоа што актуелниот тренер, Оле Гунар Солскјер е под голем притисок поради лошата форма.
Сепак, 20-кратниот шампион на Англија поблека го губи интересот за Конте, бидејќи 52-годишниот тренер би коштал многу, тврди “Дејли Стар”. Во извештајот се вели дека поранешниот предводник на Челси би сакал договор вреден 21 милиони евра по сезона до јуни 2025 година, и тој, исто така, би барал да си доведе свој персонал, што значи дека ќе мора да си заминат актуелните помошници на Солјкер.
Конте, исто така, наводно би побарал од “црвените ѓаволи” да доведат нов играч од средниот ред и еден бек за време на јануарскиот преоден рок за да му овозможат да игра во својата омилена формација, 3-5-2.
Позицијата на Солскјер е далеку од сигурна и покрај тоа што ја задржа работата по поразот од Ливерпул со 5-0 минатиот викенд, па како резултат на преголемите барања на Конте, се верува дека Манчестер Јунајтед веќе размислува за алтернативи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













