Connect with us

Манчестер Јунајтед до март добива нови сопственици

Семејството Глејзер сака да го продаде Манчестер Јунајтед веќе во првиот квартал од 2023 година. Aмериканската банка „Рејн груп“, која е ангажирана од сопствениците во целиот процес, поставила таков рок за продажба. Сопствениците бараат меѓу 7 и 8 милијарди фунти за акциите на Манчестер Јунајтед.


Токму поради кратката временска рамка во која сакаат да го продадат клубот, Глејзерови не планираат големи инвестиции за време на зимскиот преоден рок. Поради оваа причина, менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ќе може да носи играчи само на позајмица.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде до крајот на сезоната да избори пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови