Новата сезона во англиската Премиер лига 2025/26 ќе започне на спектакуларен начин, со неколку возбудливи дуели уште во првото коло. Вниманието го привлекува големото дерби меѓу Манчестер jунајтед и Арсенал, кое е закажано за недела (17 август), и веќе се најавува како еден од најочекуваните натпревари на стартот.
Шампионот Ливерпул ќе ја отвори сезоната во петок вечер (15 август) со домашен натпревар против Борнмут, со што официјално ќе започне новата натпреварувачка година.
Во саботната програма (16 август), ќе се одиграат неколку интересни средби, меѓу кои и дуелот меѓу Тотенхем и новиот прволигаш Барнли, како и гостувањето на Манчестер сити кај Вулверхемптон.
Астон Вила го пречекува Њукасл, а Сандерленд, кој се враќа во елитата, ќе биде домаќин на Вест Хем.
Челси ќе ја отвори сезоната на „Стемфорд бриџ“ со меч против Кристал Палас во недела, непосредно пред големото дерби на „Олд Трафорд“.
Последниот натпревар од воведното коло ќе се одигра во понеделник (18 август), кога Лидс јунајтед, кој е исто така повратник во елитата, ќе го пречека Евертон.
Комплетен распоред на првото коло – Премиер лига 2025/26:
📅 15 август 2025 (петок)
- Ливерпул – Борнмут
📅 16 август 2025 (сабота)
- Астон Вила – Њукасл
- Брајтон – Фулам
- Нотингем Форест – Брентфорд
- Сандерленд – Вест Хем
- Тотенхем – Барнли
- Вулверхемптон – Манчестер Сити
📅 17 август 2025 (недела)
- Челси – Кристал Палас
- Манчестер Јунајтед – Арсенал
📅 18 август 2025 (понеделник)
- Лидс Јунајтед – Евертон
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













