Connect with us

Мамардашвили се договори со Ливерпул

Ливерпул постигна договор за личните услови со грузискиот голман од Валенсија, Ѓорги Мамардашвили. Според информациите, преговорите меѓу Валенсија и Ливерпул за трансферот продолжуваат, иако сè уште нема конечен договор меѓу двата клуба.

Претходно се појавија информации дека тимот од „Енфилд“ е подготвен да плати околу 30 милиони евра за Мамардашвили. На ЕВРО 2024, Мамардашвили имаше блескави 30 одбрани, приближувајќи се до рекордот на поранешниот голман на рускиот национален тим, Игор Акинфеев, кој направи 32 одбрани на Европското првенство во 2008 година.


Договорот на играчот со шпанскиот клуб трае до летото 2027 година, а негов наследник во Валенсија е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

„Црвените“ имаат желба да го привлечат Грузиецот, иако Алисон Бекер ќе продолжи да биде број 1 на голот. Мамардашвили е подготвен да помине една сезона на позајмица, а Борнмут или Брентфорд се потенцијалните дестинации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови