Connect with us

Малдини: Ова беше убава авантура, боли секој пораз од Интер, но овој Милан не е проектиран за ЛШ

Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, кој сега е прв оперативец на „росонерите“, истакна дека овој тим не е изграден за освојување на Лигата на шампионите. Според него, пласманот во полуфиналето е голем успех, а сѐ уште недостигаат коцки во мозаикот за да може да се надева на европска титула.


„Пласманот во полуфиналето од ЛШ беше голем успех за нас и реално неочекуван. Секоја елиминација е тешка и болна, посебно ако тоа е од градскиот ривал Интер. Сепак, мора да потенцираме дека оваа авантура за нас беше сосема неочекувана и многу убава. Сега мора да продолжиме со борбата за пласман во топ 4 во Серија А и да обезбедиме место во ЛШ за следната сезона“, изјави Малдини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови