
Поранешниот технички директор на Милан, Паоло Малдини, би можел да заврши во Манчестер Јунајтед. Милијардерот Џим Ретклиф, кој се очекува наскоро да му се приклучи на клубот откако ќе купи 25% од акциите на англискиот клуб, за првпат во историјата на „црвените ѓаволи“ се залага за спортски директор.
Италијанецот е едно од имињата кои се на листата на потенцијални кандидати за оваа функција, тврдат медиумите на Островот.
Се вели дека Пол Мичел е фаворит за оваа функција, но меѓу кандидатите кои се разгледуваат е и Малдини. Италијанецот доби отказ од Милан на крајот на минатата сезона. На списокот на Ретклиф се најде и Андреа Берта од Атлетико Мадрид.
Малдини, кој е легенда на Милан, ја презеде функцијата директор на „Сан Сиро“ во 2018 година. Тој беше во срцето на градењето на тимот кој на крајот го освои „скудетото“ во 2022 година – 11 години по последниот успех на клубот во Серија А.
Малдини потоа се раздели со „росонерите“ и сега е достапен за нов предизвик во кариерата. Тој имаше понуда од саудискиот клуб Ал-Итихад, која ја одби.
Испробувањето на среќата во Премиер – лигата би било сериозен предизвик за поранешниот италијански дефанзивец, кој е свесен за статусот на клуб како Манчестер Јунајтед и колку му е важно да се врати на врвот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
