
Шкендија беше залетана, но направи голем чекор назад во трката за титулата со ремито (0-0) во Тетово Силекс во средата. Сега тетовци имаат пет бода негатива во однос на лидерот Струга ТЛ, но, сепак, не се предаваат и се надеваат дека можат да ја надоместат.
Неодамна двете екипи играа во Купот и Македонија ЃП успеа да ја елиминира Шкендија среде Тетово. Сега тимот на Ќатип Османи има шанса за своевиден „реванш“.
Офанзивниот десен бек, Методи Максимов, вели дека Шкендија ќе се бори за титулата до крај, а денеска ги посакува трите бода.
„Немаме друг избор освен да оствариме победа над Македонија ЃП и да продолжиме да веруваме. До крајот остануваат уште четири кола, за нас секој меч ќе биде како финале. Не се предаваме, имаме надеж, но сега не зависи само од нас. Ќе играме против квалитетен тим, но, сепак, играме дома, пред нашите гледачи и ќе се потрудиме да ги освоиме трите бода“, изјави Максимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal