Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Ернест Ѓока (Шкендија)

Заврши една од најтешките сезони, спортистите имаа сериозен противник и во Ковид-19, но најдобрите секогаш издржуваат и на крајот – победуваат. Шкендија го освои шампионатот, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс (како освојувач на Купот) ќе играат на европска сцена, а сега е време за одбележување на тие што покажаа најмногу.

МАКФУДБАЛ го прогласува НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР ЗА СЕЗОНАТА 2020/21 во Првата фудбалска лига.

ЕРНЕСТ ЃОКА (ШКЕНДИЈА)
Предводникот на шампионот, Ернест Ѓока, заслужено го добива признанието за најдобар тренер за сезоната 2020/21 во Првата фудбалска лига. Неговиот тим доминантно го освои шампионскиот пехар, а Ѓока успеа да го задржи фокусот и мотивот на фудбалерите до самиот крај. На почетокот од шампионатот можеби мозаикот и не беше најдобро склопен, но потоа Шкендија уфрли во поголема брзина и ја доби трката со Шкупи.


„Ми укажувате голема чест со оваа награда, да се биде најдобар тренер за изминатата сезона во Македонија е навистина големо признание. Би сакал да потенцирам дека заслугите за победите и за добрите игри одат на адреса на фудбалерите на Шкендија, а сакам да искажам благодарност и за одличните услови за работа кои ги добивме од раководството на клубот“, изјави Ернест Ѓока.

ТИМ НА СЕЗОНАТА 2020/21

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови