
Силекс е тим кој многу ретко испушта бодови во Кратово, но откако Александар Васоски е на клупата, овој состав игра одлично и на гостински терен. Не секогаш ги освојува бодовите, но речиси секогаш прикажува добра игра и заслужува респект од фановите.
Во Струга овој викенд Силекс се претстави во одлично издание. Да се победи шампионот на гости со 1-4 навистина не е мала работа.
Александар Васоски повлече потег од клупата, го внесе во игра Осман Маронг, а тој имаше маестрална улога во триумфот на својот тим.
МАКФУДБАЛ го избра Александар Васоски за најдобар тренер на десеттото коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal