Брегалница и Тиквеш водат жестока борба за врвот на Истокот, Гостивар малку губи здив на Западот, но се уште е на лидерската позиција. По еден викенд „административна пауза“ повторно се враќаат возбудувањата на македонската фудбалска сцена, а време е за преглед на најдоброто во октомври.
МАКФУДБАЛ го избра тимот на месецот во Вторите лиги Исток и Запад.
1. СТОЈАН ДИМОВСКИ (ТИКВЕШ)
На последните четири натпревари Тиквеш прими само еден гол. Одбраната е цврста, но зад секоја добра одбрана стои стабилен голман. Столе Димовски е искусен и прволигашки квалитет.
2. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)
Можеби е во зрели фудбалски години, но знаењето никој не може да му го одземе, плус надополнето и со неверојатното искуство. Шиков со леснотија ги решава дуелите на второлигашката сцена и се уште доминира.
3. АНТОНИО МИТРЕВ (БРЕГАЛНИЦА)
Одличен во дефанзивата, но таличен за тимот и во офанзивните излети. Постигна гол за триумф против Победа, многу важни бодови во трката со Тиквеш за врвот.
4. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Без него и не може да се замисли одбраната на штипскиот второлигаш. Од позадина ја диктира играта, командува, често знае и да се уфрли во нападот и да постигне погодок.
5. МАРТИН БЛАЖЕВСКИ (СКОПЈЕ)
Скопје има амбиции за враќање во елитата, а Мартин Блажевски е еден од оние кои даваат тон на играта на „пиратите“ од Автокоманда. Главна алка, спој меѓу одбраната и средниот ред.
6. ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ (ГОСТИВАР)
Не е се сјајно во Гостивар, но, сепак, лидери се на Западот и имаат неколку квалитетни фудбалери од прволигашки ранг. Таков е и Петар Љамчевски кој ги влече конците на играта, а изминатиот месец играше навистина квалитетно.
7. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Кој си знае – си знае. Можеби и веќе го нема оној трк од минатото, но неговите топки веднаш прават гол – шанса. Тој е еден од столбовите во составот на Тиквеш кој ги гази конкурентите на Истокот.
8. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Веднаш е воочливо кога некој прави разлика на фудбалскиот терен. Мартин Стојанов е таков калибар, брз и пробивен, вистински „пакер“, со него Брегалница е многу поопасна во завршницата.
9. АЛТИН ЛОГА (ВЕЛЕШТА)
Велешта одлично се држи на табелата на Западот, а главна оска во тимот секако е Алтин Лога. Ја презема одговорноста и за креирање, но пред се во реализација на шансите. Постигна неколку прекрасни гола во октомври.
10. ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ (ГОСТИВАР)
Гостивар силно „тресна“’ во Кадино каде потфрли целиот тим, но претходно победуваше, а една од главните алки во секој триумф е искусниот напаѓач Христијан Кировски. Умее да погоди и од најмала шанса, перманентна опасност пред голот на противникот.
11. СИМЕОН ХРИСТОВ (ТИКВЕШ)
Симе стрела како на лента. Има голема поддршка од соиграчите, се редат шанси пред противничкиот гол, но треба и да знаеш да ја погодиш мрежата. А Симеон Христов тоа го прави одлично во дресот на Тиквеш. Во октомври беше речиси совршен.
ТРЕНЕР НА МЕСЕЦОТ: РАДЕ ЦИЦМИЛОВИЌ (ТИКВЕШ)
Тиквеш нанижа четири убедливи победи во октомври. Тој поседува и квалитетен тим, тоа е јасно, но треба и да знаеш да го водиш на вистински начин. За второлигашка конкуренција Тиквеш има неколку „ѕвезди“, треба добро да се вкомпонираат во една тимска целина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski