
Вардар го доби и дербито против Академија Пандев од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига со што дополнително се зацврсти на врвот од табелата. Во дебито, пак, на клупата на Шкупи, Ќатип Османи стигна до триумф против поранешниот свој клуб, Шкендија. Силекс запиша значајна победа против Работнички, а Македонија ЃП извојува гостински триумф во Струга.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 8. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. КЛЕР ТХУЛИО (ШКУПИ)
Уште еден одличен натпревар на голот на Шкупи. Овој пат не дозволи погодок во својата мрежа на пресметката против фаворизираната Шкендија.
2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)
Во континуитет извонредни натпревари за Брдаровски во црвено-црниот дрес. Повторно максимално активен во средниот ред, беспрекорен и околу дефанзивните задачи.
3. МЕВЛАН АДИЛИ (ШКУПИ)
Одлично завршена работа за централниот дефанзивец на чаирчани, сигурен неутрализатор на добар дел од акциите на противникот.
4. ФИЛИП МИШЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Сигурен, цврст, борбен во одбраната на „лавовите“ на гостувањето против Струга ТЛ, значајно допринесувајќи за одбрана на триумфот на својот тим.
5. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)
Беспрекорен во уште еден натпревар за Вардар. Игра во одлична форма, сега изнудувајќи го и пеналот по кој кој Вардар дојде до единствениот погодок и трите бода против Академија Пандев.
6. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Најдобриот поединец во триумфот на Македонија ЃП на гостувањето во Струга. Стрелец на двата погодоци за триумф од 0-2.
7. АЛИ АДЕМ (ВАРДАР)
Максимално активен во средниот ред на „црвено-црните“. Креатор на добар дел акции, одличен во дефанзивните задачи, но и умешен во нападот со повремена закана и кон противничкиот гол.
8. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)
Сигурен реализатор од белата точка за триумф на Вардар во дерби пресметката против „пандевци“.
9. МАРИН ЈУРИНА (ШКУПИ)
Творецот на победата на Шкупи. Најдобриот поединец на теренот на дуелот во Чаир, стрелец на двата гола за Шкупи за победа од 2-0 против Шкендија.
10. МИЛОШ ЖЕРАВИЦА (СИЛЕКС)
Постигна прекрасен погодок, единствениот на натпреварот, но доволен за три бода на Силекс против Работнички.
11. РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
Активен во нападот на Ренова, стрелец на првиот погодок со кој се најави победата на „гипсарите“ против Борец.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (ВАРДАР)
Вардар игра далеку над очекувањата на поголемиот дел од фудбалската јавност. Васоски одлично го води тимот кој е лидер во шампионатот. Тактички сигурен натпревар и против Академија Пандев нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на струмичани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
