Тотална доминација во најдобриот тим на колото во второлигашката македонска конкуренција на фудбалерите на Тиквеш, ако се знае дека кавадарчани во најинтересниот натпревар на рундата славеа во дербито на гостувањето против Брегалница во Штип. Александар Игески имаше извонреден натпревар уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите голмани во Втората лига, а искусните Мојсов и Шиков заедно со Марјан Ристовски беа носители на играта.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 5. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. АЛЕКСАНДАР ИГЕСКИ (ТИКВЕШ)
Најдобриот поединец на теренот во Штип. Извонредно го чуваше својот гол низ сите 90 минути, за на крај триумф за својот тим.
2. ЈОРДАН СЕРАФИМОВСКИ (БЕЛАСИЦА)
Го постигна единствениот погодок на гостувањето против Плачковица во Радовиш, кој значеше и три бода за Беласица.
3. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)
Искусно ја понесе одбраната на Тиквеш на дербито со Брегалница. Иако дефанзивата на кавадарчани имаше тешка задача, на крајот не дозволи погодок во својот гол.
4. ИЛБЕР КАРИМАНИ (КОРАБИ)
Одличен меч за дефанзивецот на Кораби, кој запиша и погодок во убедливата победа од 4-0 против Велазерими.
5. КОСТАДИН ЏИНОВ (КОЖУФ)
Стандардно добар во составот на гевгеличани, максимално активен и во дефанзивата но и околу офанзивните задачи.
6. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Одигра на максимално ниво, носејќи го тимот до посакуваната цел. Стрелец на единствениот погодок за големи три бода на кавадарчани во гостинското дерби со Брегалница.
7. АРИАН ЕЈУПИ (ВАРДАР ФОРИНО)
Носителот на победата на Вардар Форино против Скопје. Стрелец на двата гола за триумф од 2-0 на неговиот тим против скопјани.
8. МИХАЈЛО ЈАКИМОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Без сомнение најзаслужниот за триумфот од 3-2 на Лабуништа против Дрита. Ги постигна сите три погодоци за домашната екипа.
9. АЦЕ СТОЈКОВ (ОСОГОВО)
Осогово стигна до првата победа во новата сезона. А, во првиот свој меч за кочанци единствениот гол за Аце Стојков кој донесе три бода.
10. ПЕТАР НАЈДОВ (КИТ ГО)
Во серија нов одличен натпревар за Петар Најдов. Го постигна првиот гол за Кит Го во гостинската победа против Питу Гули, а ја почна акцијата со одлично додавање до Алексовски за вториот погодок на пехчевци.
11. МАРЈАН РИСТОВСКИ (ТИКВЕШ)
23-годишниот Ристовски уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите поединци на Тиквеш, со тактички одлично одигран натпревар, многу истрчани километри, и максимален допринос во неутрализирањето на противничките акции на средината од теренот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО ДИМИТКОВСКИ (ТИКВЕШ)
Епитетот тренер на коло за искусниот стратег на клупата на Тиквеш, Љупчо Димитковски кој на одличен начин го води тимот на патот кон Првата лига. Го доби тактичкото надмудрување во Штип, па на крајот Тиквеш, без разлика на средствата, стигна до трите бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski