Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 21. коло во Втората лига!

И 21. коло во Втората лига уште еднаш ги издвои екипите кои се во битка за прволигашка промоција  во второлигашката конкуренција. Нова убедлива победа на Струга Трим Лум, и победи за Борец, Тиквеш, Кожуф на Истокот. Дербито меѓу Брегалница и Кит Го заврши без победник, а Пелистер ремизираше (2-2) на гостувањето против Гостивар.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 21. коло од двете второлигашки конкуренции…

1. АМИР ЈАШАР (ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР)

Голманот на Генч Калемлер се издвои на гостувањето против Лабуништа. Сигурен во текот на целиот натпревар еден од најзаслужните за мирната мрежа.

2. НИКОЛА РИСТЕСКИ (КИТ ГО)

Квалитетно издание на десниот бек на пехчевци, цврст во дефанзивата и максимално активен и во офанзивните задачи.

3. ЕСМИН ЛИЧИНА (СКОПЈЕ)

Повторно максимално сигурна игра на централниот дефанзивец на Скопје, овој пат заокружен и со погодок во ремито против Тетекс.

4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (СТРУГА ТЛ)

Иако одбраната на стружани и немаше нешто премногу работа во убедливата победа против Гоблен јуниор, сепак Драгарски покажа дека е беспрекорен столб во дефанзивата на тимот.

5. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Едноставно се издвојува на дуелите на битолчани. Уште една квалитетна партија и на жешкото гостување против Гостивар на кое Пелистер извлече реми.

6. НИЈАЗ ЛЕНА (СТРУГА ТЛ)

Креаторот на играта на Струга ТЛ. Повторно одличен во средниот ред, постигнувајќи и погодок во триумфот против Гоблен јуниор.

7. АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ (ТИКВЕШ)

Еден од најдобрите во редовите на Тиквеш во локалната дерби пресметка против Вардар Неготино. Постигна извонреден „слалом погодок“ ретко виден на нашите фудбалски терени.

8. МУРАТ АДИЛИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)

Најзаслужниот за победата на Велазерими против Кораби. Двоен стрелец за нови три бода на кичевскиот второлигаш.

9. ПЕТАР НАЈДОВ (ТИКВЕШ)

Ја најави и ја затвори победата од 4-0 на Тиквеш против Вардар Неготино со два убави погодоци. Еден од најзаслужните за триумфот на кавадарчани во „дербито на тиквешијата“.

10. ФЛОРЕНТ ОСМАНИ (СТРУГА ТЛ)

Повторно еден од најзабележителните во составот на Струга ТЛ. Двоен стрелец во убедливата победа против Гоблен.

11. МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (БОРЕЦ)

„Гол-машината“ на Борец Велес уште еднаш на дело. Постигна хет-трик за само 30 минути во првото полувреме по кој Борец заокружи лесна победа против Партизан Обршани.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО ДИМИТКОВСКИ – ГАЊО (ТИКВЕШ)

Тиквеш успеа лесно и убедливо да го добие регионалниот дерби дуел против Вардар Неготино во прекрасен фудбалски амбиент во Кавадарци. Димитковски и дефинитивно веќе создаде тим за максимален респект, со креирана тактички одлична игра – цврста во одбраната а максимално креативна во нападот. Тиквеш оваа пролет на седум натпревари има примено само еден гол и тоа во првото пролетно коло. Последните шест натпревари Тиквеш е без примен погодок!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови