Брегалница и Тиквеш одиграа „мирољубиво“ дерби на теренот, а жестока тепачка имаше низ улиците на Штип во пресметката меѓу „Фаланга“ и „Лозари“. Слога Виница беше убедлива против Осогово на Истокот.
Скопје и Гостивар извлекоа победи на Западот, но не се дава и Велешта.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 14.коло во вторите лиги.
1. СТОЈАН ДИМОВСКИ (ТИКВЕШ)
Искусниот голман дава сигурност во одбраната на Тиквеш, имаше неколку одлични интервенции и спречи Брегалница да триумфира и да побегне многу повеќе на врвот на табелата.
2. АРСИМ ЉАМАЛАРИ (СКОПЈЕ)
Цврст во дефанзивата, одговорен и бескомпромисен во дуелите. Скопје успеа да победи на гостувањето против Тетекс.
3. БОГДАН ВЕЛИНОВСКИ (СЛОГА ВИНИЦА)
Одличен организатор на последниот бедем пред голот на Слога Виница. Ја заврши работата беспрекорно против Осогово.
4. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Надмоќен на физички план, искусно ги решава проблемите пред сопствениот гол. Учествува постојано и во подготовката на акциите на тимот.
5. ИВО ЈАНАКИЕВСКИ (СКОПЈЕ)
Неуморен тркач, стрелец на победничкиот гол за ФК Скопје на гости против Тетекс.
6. ИВАН МИТРОВ (СЛОГА ВИНИЦА)
Двоен стрелец за Слога Виница во триумфот над Осогово. Митров е прволигашка класа, кога нема мака со повредите доминира на второлигашките терени.
7. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Постигна прекрасен гол на дербито, се бореше максимално во средниот ред, доби многу дуели.
8. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Брзината е неговиот најголем адут, им создава многу проблеми на противничките одбрани, го постигна погодокот за Брегалница во големото дерби.
9. КРСТЕ ТОДОРОВ (КОЖУФ)
Креативен и офанзивен, стрелец на гол за Кожуф во гостинскиот триумф против Победа.
10. АЛЕКСАНДАР ЦЕЛЕСКИ (ОХРИД)
Стрелец на победничкиот гол за Охрид на дуелот против Велазерими.
11. ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ (ГОСТИВАР)
Искусниот голгетер извлече победа за Гостивар во судиското продолжение. Погоди кога беше најпотребно за продолжување на трката со Скопје за директен пласман во елитата.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО МАРКОВСКИ
ФК Скопје ја презеде лидерската позиција во Втората лига Запад и успешно ја чува. Тимот од Авокоманда го „прегрме“ и гостувањето кај Тетекс, а Љупчо Марковски секогаш умее да пронајде одговор за противничката одбрана. Неговиот тим во моментот игра одличен фудбал.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski