Гостивар падна во Охрид, Скопје тоа ги искористи за да го преземе лидерското место на Западот. Тиквеш и Брегалница повторно убедливи и недопирливи за конкурентите на Истокот. Ова накусо се главните поенти на 10.коло во второлигашката конкуренција.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 10 коло во вторите лиги.
1. НИКОЛЧЕ СИМОНОВСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Одличен на голот на охриѓани, успеа да ја сочува мрежата мирна против лидерот на табелата.
2. АЛЕКСАНДАР ВАРЕЛОВСКИ (ТИКВЕШ)
Сигурен во одбраната, но и со офанзивни излети кон противничкиот гол.
3. ДИНО НАЈДОСКИ (СКОПЈЕ)
Тој има прволигашко искуство, знаеше како да ги скроти напаѓачите на Велазерими.
4. СЛАВЕ МАРКОСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Маркантен, квалитетен и млад, пред него е прволигашка кариера.
5. НАУМЧЕ БАКРАЧЕСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Тој држи многу конци од играта на Брегалница, беше и стрелец против Каменица Саса.
6. ВЛАДИМИР ЖОГЛЕВ (СКОПЈЕ)
Тркачки одлично подготвен, со креативни потези во средниот ред, успеа да биде и стрелец.
7. УЈКАН МУЧА (КОРАБИ)
Донесе триумф за својот тим со гол во последните мигови од мечот.
8. ЛУКА ТРАЈКОСКИ (ТИКВЕШ)
Офанзивно ориентиран играч за врска кој се наметнува како едно од најдобрите решенија во составот на Тиквеш.
9. АЛЕКСАНДАР ЦЕЛЕСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Стрелец на победничкиот погодок за охриѓани со кој го совладаа лидерот на табелата, Гостивар.
10. ИЗЕТ АЈРУЛАХУ (СКОПЈЕ)
Постигна погодок за Скопје на дуелот со Велазерими и беше перманентна опасност.
11. АЛЕКСАНДАР МИШОВ (ТИКВЕШ)
Тиквеш нема пробчеми во офанзивата, кога не е Симе Христов, тогаш се докажува токму Мишов.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: МАРИНО МАРКОСКИ
Охрид Лихнидос успеа да слави важен триумф над Гостивар, а тој ја пронајде победничката формула.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski