Вардар е лидер во шампионатот, се одлепи во однос на конкурентите на врвот на табелата и се наметна како најголем фаворит за титулата. Тренерот Александар Васоски има одличен спој на младост и искуство, а несомнен е квалитетот и на дел од странците кои го носат „црвено-црниот“ дрес.
Во септември фантастични игри прикажа левиот бек Реис Жуниор, постигна три гола во овој период, два против Струга Трим Лум и еден против Силекс, асистираше и беше еден од најголемите адути на вардарци во трката за врвот. Двапати беше избран за играч на колото и апсолутно го заслужи изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч за месец септември во Првата фудбалска лига и наградата од „МЕГАСПОРТ“.
„Ова е награда која многу ми значи. Сакам да ја поделам со соиграчите од тимот и верувам дека Вардар ќе продолжи со одлични изданија и во периодот што следи. Кога тимот игра и функционира одлично, тогаш и сите поединци секако се истакнуваат многу повеќе“, изјави бразилскиот интернационалец Реис Жуниор по изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч во ПМФЛ за септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













