
Вардар е на врвот, има одлична бодовна залиха за пролетниот дел од сезоната, а за тоа големи заслуги има и Даниел Аврамовски. Репрезентативецот блескаше во дресот на најтрофејниот македонски клуб во ноември и двете кола кои се одиграа во декември, пред официјалниот старт на зимската пауза.
Аврамовски ја задржа одличната форма која ја имаше и во октомври и вторпат последовно ја заслужи наградата од „МЕГАСПОРТ“ за фудбалер на месецот во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Благодарност за наградата, уште подраго ми е што е втора во низа, тоа значи дека во континуитет играв квалитетно. Секако, и ова признание ќе го поделам со соиграчите од тимот и со стручниот штаб, во Вардар тимскиот дух е најважен за резултатите и за добрата атмосфера“, вели Даниел Аврамовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија
