Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА – МВП: Бесарт Ибраими (Шкендија)

Заврши една од најтешките сезони, спортистите имаа сериозен противник и во Ковид-19, но најдобрите секогаш издржуваат и на крајот – победуваат. Шкендија го освои шампионатот, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс (како освојувач на Купот) ќе играат на европска сцена, а сега е време за одбележување на тие што покажаа најмногу.

МАКФУДБАЛ го прогласува НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ЗА СЕЗОНАТА 2020/21 во Првата фудбалска лига.

МВП – БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)


Секоја нова сезона Бесарт Ибраими ја потврдува својата класа во македонскиот шампионат. И изминатата беше најдобар, предводејќи ја Шкендија до шампионската титула. Постигна 24 гола во првенството на Македонија, имаше одлични игри во дресот на тетовскиот клуб и го заслужи признанието од МАКФУДБАЛ – МВП НА СЕЗОНАТА.


„Секој фудбалер се гордее со наградите што ги добива, но тие се посебно драги ако доаѓаат од професионалци, луѓе кои постојано ги следат случувањата во македонскиот фудбал. Токму затоа оваа индивидуална награда има посебна вредност затоа што доаѓа од специјализираниот фудбалски портал „МАКФУДБАЛ“. Секако, морам да истакнам дека фудбалот е тимска игра и јас не би го оствари сето ова без помошта на моите соиграчи, стручниот штаб и сите вработени во фудбалскиот клуб Шкендија. Најважно е што ја остваривме целта на клубот – да ја освоиме шампионската титула“, изјави Бесарт Ибраими.

ТИМ НА СЕЗОНАТА 2020/21

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови