Струга Трим Лум ја одбрани титулата во македонскиот шампионат. Клучна се покажа победата против Шкендија (0-2) во Тетово, но шампионот покажа најмногу во целиот тек од сезоната, со мали периоди на пад на формата.
Еден од најконстантните и лидер на тимот на Струга ТЛ е капитенот Буњамин Шабани. Без него во средниот ред, не би фукционирал ниту нападот, а тимот дефинитивно не би го имал овој победнички, шампионски лик.
Тој одигра на врвно ниво кога беше најпотребно и го поведе тимот во одбрана на шампионскиот пехар.
МАКФУДБАЛ го избра Буњамин Шабани за најдобар фудбалер за сезоната 2023/24 во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА СЕЗОНАТА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













