
Наше, а најдобро…Еден од главните постулати на МАКФУДБАЛ е истакнување на најдобрите во македонскиот фудбал. Во соработка со компанијата за спортска опрема „Мегаспорт“, нашиот портал ќе доделува признание и награда на најдобриот играч за изминатиот месец во Првата фудбалска лига и во Вторите фудбалски лиги.
Агим Ибраими, „десетката“ на Шкендија, според изборот на МАКФУДБАЛ, е најдобриот играч за месец март во Првата фудбалска лига. Актуелниот лидер бележеше триумфи, а Ибраими беше еден од најзабележителните фудбалери во успесите на Шкендија. Тој постигна два гола и имаше пет асистенции, еднаш беше избран за играч на колото, а трипати беше во тимот на колото во изминатиот месец.
„Ова е признание кое навистина многу ми значи. Да бидеш избран за најдобар, од специјализиран фудбалски медиум, во својата држава. Повеќе од една деценија бев интернационалец, но, искрено, најубаво е чувството кога ќе те ценат и почитуваат дома. Искрено посакувам да ја негувате традицијата долги години и фудбалерите од домашниот шампионат да го добијат заслужениот публицитет. За оваа награда се заслужни и сите соиграчи од Шкендија, но и сите вработени во клубот, затоа што сепак е ова тимска игра“, вели Агим Ибраими.
Одличниот играч за врска верува дека Шкендија ќе успее да ја одбрани шампионската титула и дека потоа ќе има одлична презентација на меѓународната сцена.
„Се вратив во Шкендија за да направиме нешто големо. Ја препознав таквата идеја во разговорите со раководството и можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Треба да продолжиме напорно да работиме и да се усовршуваме, да победуваме и да освојуваме бодови на секој нареден натпревар и само така ќе стигнеме до шампионскиот трофеј. Потоа не чека уште потешка задача, да ја презентираме Шкендија и македонскиот фудбал на најдобар можен начин во фудбалска Европа. Сите сакам да ги уверам дека во Македонија се игра навистина квалитетен фудбал и единствено во што многу заостануваме е инфраструктурата. Но, со напорна работа се може да се оствари“, порачува Агим Ибраими.
Комплетното интервју со Агим Ибраими ќе можете да прочитате на МАКФУДБАЛ наредните денови…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
