Младинскиот репрезентативец Методи Максимов блеска во дресот на Работнички на изминатите неколку натпревари. Тој ја пронајде формата и постигнува спектакуларни голови во прволигашкото друштво. Со неверојатен погодок му обезбеди триумф (1-0) на својот тим и на дуелот против Тиквеш, откако претходно беше двоен стрелец и на мечот против Брегалница во Прилеп.
Неговата брзина и умешноста со топката дојдоа до вистински израз во новата формација на Стојан Игнатов, а Методи Максимов возвраќа со одлични игри. Тој го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО.
Максимов го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













