Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Работнички)

Работнички оствари убедлив триумф (0-3) против Брегалница во Прилеп, а на овој меч блескаше младинскиот репрезентативец Методи Максимов. Постигна два гола, речиси сам го урна ривалот покажувајќи со каков раскошен потенцијал располага. За првиот гол демонстрираше брзина и прецизност, а вториот беше вистинско ремек дело, се ослободи од неколку противнички играчи во соло продор по десната страна и со одличен удар погоди во спротивниот агол.

Методи Максимов го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 26.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови