Работнички го победи Шкупи со 3-1 во последниот меч од првото коло во Првата фудбалска лига. Поранешниот суперталент од младинската академија на Вардар, Георг Стојановски, доби половина час од тренерот Милан Илиевски, и со два потези го реши натпреварот.
Во 81.минута за старт над него беше досуден пенал за Работнички што во гол го претвори Мевљан Мурати, а во судиското продолжение Георг Стојановски го постигна и првиот гол во дресот на „романтичарите“.
За половина час направи многу повеќе од многу други кои играа цели натпревари во првото коло од новата сезона, па од МАКФУДБАЛ го доби признанието за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО.
Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski