Шкупи речиси во чекор ја следи Шкендија, а тимот од Чаир лета на крилата на Дембо Дарбо. Робусниот напаѓач е главниот адут во составот на Умит Каран, кога е тешко и кога се чини дека победа нема да биде остварена, тој ги презема работите во свои раце.
Нешто слично беше и во Струмица. Академија Пандев е одличен тим, а Шкупи знаеше дека мора да победи ако сака да го одржи ритамот со лидерот. Мечот влезе во неизвесна завршница, а во 79.минута Дембо Дарбо успеа да ја надмудри одбраната на домашниот тим и постигна победнички ппогодок.
За нијанса Дембо Дарбо победи во изборот на МАКФУДБАЛ во однос на Валон Ахмеди, играчот за врска на Шкендија, кој исто така стрелаше, но и делеше асистенции на мечот против Вардар. Сепак, Дембо Дарбо се издвојува со физичките атрибути, едноставно е доминантен во Првата фудбалска лига. Дефинитивно заслужи да биде избран за Макфудбал – играч на 9. коло во елитното македонско фудбалско друштво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













