Шампионот клекнат на колена на Чаир. Шкупи оствари голема победа против Шкендија (2-0), а стрелец на двата гола беше босанскиот интернационалец Марин Јурина. Незадржлив за противничката одбрана, Јурина имаше неколку шанси и во првиот дел, а успеа двапати да ја затресе мрежата на Шкендија во второто полувреме.
Погоди во 68.минута по корнерот од десната страна кога одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, а потоа и го потврди триумфот со втор гол во 85.минута по брзо изведен противнапад. Со одличниот настап, напаѓачот на Шкупи заслужи да биде избран за најдобар фудбалер во 8.коло од Првата фудбалска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
Шкупи со триумфот над Шкендија го прескокна актуелниот првак на табелата и има 12 бода, седум помалку од лидерот Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













