Вардар е есенски првак, имаше фантастична пролетна полуетапа и во пресрет на последното коло пред зимската пауза во кое ќе следи и дербито со Шкендија има големи осум бода пред главните конкуренти. „Црвено-црните“ изминатиот викенд со песна се вратија од Струмица, каде го совладаа составот на Академија Пандев со убедливи 0-3.
Триумфот беше во режија на новопечениот сениорски репрезентативец Даниел Аврамовски кој постигна два гола и забележа асистенција за третиот погодок што беше дело на Владица Брдаровски. Одличната игра му го донесе и епитетот за најдобар играч на 17.коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













