
МАКФУДБАЛ и спортските обложувалници „Спортлајф“ продолжуваат со заедничкиот проект поврзан со Првата македонска фудбалска лига. Се што треба да направите е да типувате на полувреме-крај на дербито на колото во ПМФЛ, а доколку погодите ќе бидете во игра за една од наградите што ги доделуваат МАКФУДБАЛ и Спортлајф.
Најинтересен натпревар од утрешната програма се очекува да биде дуелот меѓу Македонија ЃП и Вардар. „Црвено-црните“ влегоа во ова коло како лидери на табелата, но единствениот пораз го претрпеа токму од „лавовите“ од Ѓорче Петров. Овој дуел е одлична можност за „одмазда“, но „лавовите“ исто така ќе влезат во градското дерби максимално мотивирани за нов триумф над „вардарци“.
Сите кои ќе погодат како ќе заврши овој натпревар со играта полувреме – крај ќе бидат во конкуренција за ваучери од Спортлајф во вредност од 200 денари.
Типувањето се врши на фејсбук страницата на МАКФУДБАЛ.
Напомена: Ваучерите можат да ги користат сите оние кои имаат членски картици од Спортлајф. Доколку немате картица, можете да користите иста на пријател, на чие име потоа ќе биде префрлен ваучерот доколку сте добитник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal