Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра петтиот натпревар во квалификациите за ЕП 2020, гостува во Израел и се надева дека ќе се врати на патеките на успехот по двата порази на домашен терен од Полска и од Австрија. Израелците ги добивме пред две години во Хаифа, а речиси идентичниот состав на нашата селекција дава надежи за повторување на успехот и во Бер Шева.
Александар Трајковски верува дека Македонија може да оствари позитивен резултат против Израел.
„Подготвени сме за предизвикот. По подолга пауза повторно сме заедно, со нови мотиви да се прикажеме во најдобро издание во дресот со националниот грб. Ако ја повториме играта од дуелот со Полска, мислам дека можеме да го победиме Израел. Мечот со Австрија веќе го заборавивме, се тргна лошо уште од самиот старт на тој меч“, изјави Трајковски.
Езгјан Алиоски верува во квалитетите на нашата селекција, но и знае дека Македонија ја очекѕва тежок натпревар.
„Нема да биде воопшто лесно, го знаеме тоа. Но, знаеме и дека можеме да победиме, го сторивме тоа пред две години. Треба да останеме максимално фокусирани и да не дозволиме Израел да наметне своја игра. Со таков пристап, можеме да победиме и многу подобри селекции од Израел“, истакна Алиоски.
Македонскиот национален тим вечерва (20.45 часот) во Бер Шева го игра петтиот натпревар во циклусот квалификации за ЕП 2020. Главерн судија на дуелот ќе биде шведскиот делител на правдата Андреас Екберг, а на стадионот во Бер Шева се очекуваат околу 18.000 гледачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













