
Речиси две децении е дел од италијанскиот фудбал и Серија А. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев на мечот против Торино го одигра 450.натпревар во елитното италијанско фудбалско друштво.
Тоа го можат само великани, тој е во одбрано друштво, а следен што ќе го надмине е Роберто Баџо, прославениот италијански репрезентативец и поранешен фудбалер на Јувентус, Милан, Интер…Тој има само два меча повеќе во Серија А од Гранде Пандев.
За каков фудбалер се работи многу повеќе говорат фактите. Тој е четврти на вечната листа на странски фудбалери со најмногу настапи во италијанското првенство. Убедливо најмногу има Аргентинецот Хавиер Занети со 615 во дресот на Интер, потоа следи словенечкиот голман Самир Ханданович со 485 натпревари и Бразилецот Жозе Алтафини Мацола со 459 одиграни средби во Серија А. Пандев и него најверојатно ќе го помине до крајот на сезоната.
Гранде Пандев се наоѓа на 34. место на вечната листата на фудбалери со најмногу настапи во историјата на Серија А. Таму на врвот се легенди како Џанлуиџи Буфон (65), Паоло Малдини (647), Франческо Тоти (619)…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal